Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Адамовска: Подмладениот состав има натпреварувачки дух и желба за успех

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија утре (среда) ги започнува настапите во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Прв предизвик за избраничките на Виктор Петровски ќе биде селекцијата на Романија, во дуелот што ќе се одигра во Букурешт со почеток во 18:00 часот по локално време, односно 17:00 часот по македонско време.

Во пресрет на стартот на новиот квалификациски циклус, македонската репрезентативка Сања Адамовска ги сподели своите очекувања од претстојните предизвици, зборуваше за атмосферата во националниот тим и за првиот натпревар против Романија.

Адамовска истакнува дека настапот во дресот со националниот грб секогаш претставува посебна чест и мотив, а и покрај тоа што Македонија ќе настапи со подмладен состав и без дел од поискусните кошаркарки, верува во квалитетот, потенцијалот и борбениот дух на репрезентацијата.

„Да се настапува за својата држава и да се носи националниот дрес секогаш претставува чест и задоволство. Во овој ростер фалат доста искусни кошаркарки кои ја одбележаа македонската кошарка, но овој подмладен нов состав има натпреварувачки дух и желба за успех.

Ова ќе биде состав што во иднина ќе треба да даде позитивни резултати, но можам да кажам дека сум доста задоволна од хемијата и позитивата која владее на тренинзите. Во пресрет на дуелот со Романија очекувам доста борба и верувам дека секоја од нас ќе го даде својот максимум“, истакнува Адамовска.

Македонија во Букурешт го отвора новиот циклус со желба за позитивен почеток, а првиот натпревар ќе биде можност подмладениот национален состав да го покаже својот карактер и потенцијал.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Адамовска: Подмладениот состав има натпреварувачки дух и желба за успех

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија утре (среда) ги започнува настапите во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Прв предизвик за избраничките...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Данев: Верувам дека ќе пружиме силен отпор и ќе стигнеме до позитивен резултат

Младата репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември во Нови Сад ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија. Дуелот ќе...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Чурлинов: Шкотска ги има Мектоминеј, Гилмор, Робертсон, ние ги имаме Елиф Елмас, Барди и Столе Димитриевски!

Репрезентацијата на Македонија го одржа денешниот тренинг пред последните два натпревари од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!