Ракомет

Матлиески: Не се предаваме, без разлика што Алкалоид е фаворит

Сподели
ФОТО: РК Тинекс Пролет
Сподели

Ракометарите на Тинекс Пролет вечер ги очекува исклучитело тежок испит, на домашен терен пречекувајќи го составот на Алкалоид.

Гостите од Автокоманда ќе ја имаат фаворитската улога, но кај тренерот Матлиески и неговите избраници владее решителност да се одигра квалитетен меч против еден од најсилните тимови во мак-ракометот.

„Играме против Алкалоид, екипа што е меѓу фаворитите за највисок пласман. Јасно е дека тие ќе се фаворити, но тоа не значи дека ние ќе се предадеме без борба. Ваквите дуели се мотив за докажување, за квалитетен меч против тимови од самиот врв, наше е да одиграме најдобро што знаеме и од овој дуел па понатаму да ја креваме формата“, изјави Матлиески.

Според него, осцилациите во играта биле главен проблем во досегашниот дел од сезоната, особено во последното коло кога Тинекс Пролет загуби на домашен терен од Еурофарм Пелистер 2.

„Зад нас е напорен период на дуели со директни ривали за влез во Топ 6, имаше натпревари на кои бевме на висина на задачата, но и дуели на кои покажавме големи падови во одредени моменти и бевме казнети за тоа. Сега е време да се поправат слабостите што ги покажавме, за максимално потоа да влеземе во клучниот дел од сезоната. Пласманот во Топ 6 е наша зацртана цел од пред почетокот на сезоната и не се откажуваме од тоа, имавме неочекуван резултат, но исто така и пред нас е доволно време да ги надополниме тие бодови. Најважно е да ја кренеме сопствената игра на едно повисоко ниво, со тоа ќе дојдат и резултатите“, порачува стратегот на Тинекс Пролет.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ предупредува пред европската битка: Фаворитската улога мора да се потврди на теренот!

Европската круна беше освоена, но пред ГРК Охрид следува нов предизвик во натпреварувањето во кое минатата сезона испиша историја. Актуелниот освојувач на ЕХФ...

Останато

Штип УГД пристигна во Холандија за историското деби во Лигата на шампионите, познати и судиите

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД е во Холандија, каде што во среда ќе го има историскиот дебитантски настап во Лигата на шампионите. Противник...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ предупредува пред европската битка: Фаворитската улога мора да се потврди на теренот!

Европската круна беше освоена, но пред ГРК Охрид следува нов предизвик во...

Ракомет

Јошида најави борба до последен здив: Охрид подготвен за двојниот европски предизвик!

Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп, ГРК Охрид, го очекува нов европски...

Ракомет

Алкалоид со девет гола предност патува во Австрија по европскиот билет

Ракометарите на Алкалоид се пред нов европски предизвик, откако со убедлива победа...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 го надигра Тиквеш и направи важен чекор кон плеј-офот

Еурофарм Пелистер 2 славеше над Тиквеш со 34-27 во директната пресметка за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!