Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Сподели
Сподели

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за Европското првенство 2027 во конкуренција до 20 години, еден во машка и еден во женска конкуренција. Скопје ќе биде центарот на европската младинска одбојка во јануари следната година.

Машкиот турнир од втората фаза на квалификациите, во рамки на групата Е, ќе се одржи од 14 до 17 јануари 2027 година, додека женските селекции до 20 години ќе се натпреваруваат во истиот град од 21 до 24 јануари, исто така во групата Е.

Покрај Македонија, Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) ги одреди и останатите домаќини на квалификациските турнири. Кај мажите, организацијата им е доверена на Италија (група А), Полска (група Б), Португалија (група Ц) и Луксембург (група Д). Во женска конкуренција, домаќини ќе бидат Србија (група А), Хрватска (група Б), Бугарија (група Ц) и Летонија (група Д).

Машката и женската репрезентација на Македонија до 20 години настапија на БВА зонските квалификации во средината на август годинава, кои претставуваа прва фаза од евро-квалификацискиот циклус. Во втората рунда ќе настапат балканските селекции кои не успеаја да обезбедат директен пласман на континенталниот шампионат.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија пласман во полуфиналето. Тиверија Брера со 0:4 славеше во Драчево над...

Кошарка

КФМ бара итна оставка од претседателот на МОК, Даниел Димевски!

Кошаркарската федерација на Македонија побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, поради несогласувањата околу формирањето на националната...

Поврзани написи
Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември,...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!