Ракомет

Вардар продолжува со победничкиот ритам – осма победа во низа за „црвено-црните“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со одличните игри во Суперлигата, откако на гостувањето во Куманово го совладаа домашниот тим со 32-25, запишувајќи ја осмата победа во исто толку натпревари.

И покрај тоа што настапија без неколку стандардни ракометари, избраниците на Иван Чупиќ од самиот почеток ја презедоа контролата и не дозволија изненадување. Вардар постојано ја одржуваше предноста, која во второто полувреме се зголеми на убедливи девет голови разлика.

Најефикасен во редовите на вардарци беше Харуки Кавада со седум гола, а одлична партија меѓу стативите прикажа Васил Гогов со повеќе од десет успешни интервенции.

Со оваа победа, Вардар ја потврди својата доминација на врвот на табелата, додека Куманово останува во долниот дел со само една победа по осум кола и серија од седум порази во низа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Бутел го „прегази“ Клими, со пет гола Форца го декласираше Јувентус Серава

Бутел однесе убедлива победа над Клими триумфирајќи на домашен терен со 6:0 во рамките на 3. коло на Првата футсал лига. Гостинскиот тим...

Останато

(ФОТО) По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп

По децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во Прилеп конечно ќе добие целосна реконструкција. Проектот на Министерството за спорт, предвиден во рамките на Програмата...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ предупредува пред европската битка: Фаворитската улога мора да се потврди на теренот!

Европската круна беше освоена, но пред ГРК Охрид следува нов предизвик во...

Ракомет

Јошида најави борба до последен здив: Охрид подготвен за двојниот европски предизвик!

Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп, ГРК Охрид, го очекува нов европски...

Ракомет

Алкалоид со девет гола предност патува во Австрија по европскиот билет

Ракометарите на Алкалоид се пред нов европски предизвик, откако со убедлива победа...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 го надигра Тиквеш и направи важен чекор кон плеј-офот

Еурофарм Пелистер 2 славеше над Тиквеш со 34-27 во директната пресметка за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!