КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Сподели
Сподели

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија пласман во полуфиналето.

Тиверија Брера со 0:4 славеше во Драчево над Истатов, со што бранителот на Куп титулата продолжува во полуфиналето. Билјана Панеска во 7. минута го отвори резултатот, а само една минути подоцна Кристабел Опонг Одуро погоди за двојна предност, а пак во 15. минута Теона Галабовска погоди за 0:3.

Во вториот дел Галабовска постигна уште еден гол за конечни 0:4 и со што Тиверија Брера обезбеди полуфиналето, а Истатов заврши со настапите во Купот и ќе се фокусира само на првенството.

Пелистер со погодоците на Марија Стојановска во 8. минута и Михаела Марковска во 58. минута со 2:0 ја совлада Речица на домашен терен.

Каменица Саса го декласираше тимот на Кочани со убедливи 6:0, меч на кој капитенот Ана Димитровска постигна четири гола, а по еден гол постигнаа Туане Де Соуза Фрагосо и Јована Митева.



Љуботен пред домашната публика со 4:2 го доби Ас Јунајтед за пласман во полуфиналето. Улза Максути постигна хет-трик против својот поранешен клуб, а еден гол беше дело на Хава Мустафа.

За струшкиот тим погодија Кристина Мојсоска во 28. минута и Тамара Лазеска во 48. минута.

Со ждрепка меѓу Тиверија Брера, Пелистер, Љуботен и Каменица Саса ќе бидат формирани полуфиналните двојки.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија пласман во полуфиналето. Тиверија Брера со 0:4 славеше во Драчево над...

Кошарка

КФМ бара итна оставка од претседателот на МОК, Даниел Димевски!

Кошаркарската федерација на Македонија побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, поради несогласувањата околу формирањето на националната...

Поврзани написи
РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!