Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската Суперлига, во салата „Парк“ истакнаа транспарент на кој стоеше „Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија“.
Од навивачката група преку соопштение велат дека алармот одамна е вклучен и дека струмичкиот спорт заслужува повеќе.
„Гаснењето на едни, финансиското пропаѓање на други и неизвесната иднина на останатите спортски клубови во Струмица е јасен показател дека струмичкиот спорт е на работ на сериозна криза. Прашањето веќе не е кој клуб ќе успее, туку кој е следен што нема да го издржи финансискиот притисок и ќе згасне. Алармот одамна е вклучен. Струмичкиот спорт заслужува повеќе“, се вели во соопштението на навивачката група Ајдуци.
Струмица веќе неколку години е без ракомет, за што ракометниот клуб Феникс од Радовиш истакна дека е отворен за сите деца од Струмица и струмичко кои сакаат да тренираат ракомет дека вратите на нивниот клуб се отворени.
Струмица оваа сезона е без прволигашки фудбал, а Тиверија по четири кола од кои две не ги одигра во гости беше исфрлена од натпреварување во Трета лига регион 3.
Од друга страна, кошаркарскиот клуб Струмица се врати во Суперлигата.