Останато

Иџе го слави 200 настапот во кариерата на Европскиот шампионат во Бузет, Хрватска

Сподели
ФОТО: Игор Стефановски Иџе - Facebook
Сподели

Овој викенд во Хрватска на патеката во Бузет ќе се вози последната трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC) за 2025 година, на која македонскиот ас Игор Стефановски – Иџе ќе настапи со својот „Ферари 488 B8“, специјално подготвен за ваков тип патеки. За трката се пријавени рекордни 241 возачи.

Годинава, на шампионатот во генералниот пласман, Иџе се наоѓа на втората позиција, но тој веќе е носител на европската титула во ова натпреварување, во група 1.

Кариерата ја започна во 2001 година на патеките во Скопје, а повеќе од две децении подоцна зад себе има богато искуство со титули и победи. Од досегашните 199 трки, успеа да оствари 83 победи и 122 пати да се најде на подиум, што го вбројува меѓу најуспешните европски возачи на ридски патеки.

Верниот поддржувач, „Видеолотарија Касинос Австрија“, и понатаму останува на страната на Стефановски, најавувајќи продолжување на соработката и заедничка поддршка за Иџе и за Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА...

Останато

Сребро за Душица Бресалиева на Multi European games G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1...

Останато

Алексеј Стојановски триумфираше на турнирот „Тумба“ во Куманово

Изминативе денови на терените на ТК „Тумба“ во Куманово се одржа турнир...

Останато

Калин Митевски двоен победник на МТП Опен 2026

Македонскиот тенисер Калин Митевски е двоен победник на МТП Опен 2026, турнир...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!