Со цел унапредување, развој и поголема афирмација на училишниот спорт, официјално се формирани органите на Сојузот на училишен спорт на Источниот регион, информираат од Федерацијата на училишен спорт на Македонија.
Формирањето на регионалниот сојуз претставува значаен чекор во насока на децентрализација и зајакнување на организациската структура на училишниот спорт, со цел создавање подобри услови за учениците и нивно поголемо вклучување во спортските активности.
За претседател на Извршниот одбор е избран Александар Андов, додека функцијата потпретседател ќе ја извршува Илија Попов.
Покрај нив, избрани се и останатите членови на раководните органи на Сојузот.
Извршен одбор на Сојузот на училишен спорт на Источниот регион:
- Александар Андов – претседател
- Илија Попов – потпретседател
- Марјан Нојковски – член
- Оливер Јовановски – член
- Зоран Арсов – член
- Снежана Каракачанова – член
- Александра Атанасовска – член
Надзорен одбор:
- Билјана Јовановска – претседател
- Емил Спасовски – член
- Димитар Дамески – член
Од Федерацијата на училишен спорт на Македонија нагласуваат дека воспоставувањето на регионалната организација е важен чекор кон понатамошно зајакнување на училишниот спорт и создавање поквалитетни услови за негов развој.
Преку работата на новоформираниот Сојуз се очекува да се придонесе кон подобра организација и соработка во рамките на Источниот регион, како и кон поголема афирмација на спортот меѓу учениците.
Федерацијата на новоизбраните членови им посака успешна работа, добра меѓусебна соработка и многу заеднички успеси во интерес на учениците и училишниот спорт.
„Заедно создаваме посилна мрежа на училишен спорт“, е пораката од Федерацијата на училишен спорт на Македонија по формирањето на органите на Сојузот на училишен спорт на Источниот регион.