Останато

Јовановски и Деспотовски на 40. Конгрес на ФИВБ во Доминиканска Република

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, и генералниот секретар Филип Деспотовски ќе учествуваат на 40. Конгрес на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ), кој ќе се одржи од 20 до 22 ноември во Пунта Кана, Доминиканска Република.

Македонската делегација ќе биде дел од големиот собир на светското одбојкарско семејство, на кој е најавено присуство на 222 претставници од националните федерации од целиот свет.

Во фокусот на Конгресот ќе биде стратешкиот развој на одбојката и плановите за нејзино понатамошно глобално ширење, со амбициозна цел спортот да стане „поголем и подобар“. ФИВБ има за цел бројот на луѓе кои се вклучени во одбојката на глобално ниво, од актуелните 800 милиони, до 2032 година да достигне 1,6 милијарди.

Учеството на Конгресот ќе биде и можност за Јовановски и Деспотовски за продлабочување на соработката со европските партнери, но и за воспоставување нови контакти и врски со претставници од одбојкарските федерации надвор од европскиот континент.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Јовановски и Деспотовски на 40. Конгрес на ФИВБ во Доминиканска Република

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, и генералниот секретар Филип Деспотовски ќе учествуваат на 40. Конгрес на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ),...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за настап на квалификации за ЕП

Селекторот на женската репрезентација до 19 години, Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки кои се во конкуренција за настап на квалификацискиот турнир...

Поврзани написи
Останато

Струмица ја заврши европската приказна: подобар отпор, но Састамала повторно победи

Одбојкарите на Струмица го завршија настапот во Челенџ купот на ЦЕВ, откако...

Останато

55. „Златен гонг“ успешно реализиран, три бронзи за македонските боксери

Јубилејното 55. издание на меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ успешно се одржа...

Останато

Карловарско ја продолжи соработката со македонскиот капитен Никола Ѓоргиев

Капитенот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев, и во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!