Црна Река утре на домашен терен во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе го пречека дебитантот Шутка 1 во рамките на 6. коло на Втората футсал лига.
Црна Река ќе биде фаворит за трите бодови, а со тоа доколку ја оправда фаворитската улога ќе го запише четвртото сезонска славје. Тимот од Кавадарци има меч помалку во однос на Балкан и Каршиака и со тоа три бода во ракав.
Шутка 1 кој е дебитант има учинок од две победи и два порази, тимот од Шуто Оризари е свесен за тешкото гостување во Кавадарци, фаворитската улога е кај домашниот состав. Атмосферата во редовите на Црна Река е одлична, тимот е подготвен за мечот од шестата рунда.
Средбата меѓу Црна Река и Шутка 1 ќе се одигра во салата „Јасмин“ во Кавадарци со почеток од 19 часот.