Фудбалскиот клуб Кожуф од Гевгелија го потврди учеството на Ohrid Winter Cup и со тоа ја засилува конкуренцијата на овој меѓународен турнир на кој ќе настапат екипи од неколку држави.
Се работи за фудбалски клуб кој е основан во далечната 1922 година, клубот со 104 годишна фудбалска традиција.
Клубот е посветен на работата со младинските категории, а голем дел од нив добиваат и шанса во сениорскиот тим кој се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига.