Ракометарите на Алкалоид со позитивна атмосфера и дополнителна самодоверба го очекуваат следниот европски предизвик, откако остварија значајна победа во дербито против Еурофарм Пелистер. Избраниците на Кирил Лазаров славеа со 30:28 (14:10) во „Автокоманда“, а сега вниманието го насочуваат кон дуелот со словенечкиот Горење Велење во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп.
По домашниот успех против битолчани, „сините“ повторно ќе се претстават пред своите навивачи, овојпат во европска конкуренција. На спротивната страна ќе биде Горење Велење, реномиран словенечки клуб, кој ќе претставува нов предизвик за македонскиот претставник.
Натпреварот меѓу Алкалоид и Горење Велење е закажан за 22 ноември (недела), со почеток во 19:30 часот, во салата во Автокоманда.
По дерби-победата, Алкалоид ќе се обиде добрата форма да ја пренесе и на европската сцена и пред својата публика да направи важен чекор кон продолжување на патот во ЕХФ Европскиот Куп.