Македонскиот шампион Штип УГД забележа огромна победа над Работнички од Скопје со максимални 3:0 во сетови во рамките на 4. коло на Првата одбојкарска лига.
Во ниту сет скопскиот тим немаше капацитет да му парира на шампионот кој го предводи Кристиан Ристески.
Во првиот сет штипјани беа подобри со 25:11, следуваше вториот сет на кој момците на Ристески доминираа со 25:14, а во третиот сет беше повторен резултатот од првиот сет односно 25:11.
Со тоа Штип УГД прослави голема победа пред домашната публика во „Џексон“ за четири од четири во домашниот шампионат.