Останато

Кристијан Јанев без загубен сет го освои Интеко Опен 2025 во Скопје

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Кристијан Јанев, на импресивен начин без загубен сет го освои турнирот „Интеко Опен 2025“ што денеска заврши во Скопје.

Јанев во сите пет меча на турнирот славеше со по 2-0 во сетови, а во големото финале го декласира Војин Саџаковиќ од Србија, препуштајќи му само еден гем (6:0, 6:1).

Претходно во второто коло го совлада Димитриос Мелисоглу од Грција (6:3, 7:5), во третото беше подобар од Салдин Рама од Косово (6:4, 6:4), во четвртфиналето го елиминираше третиот носител, Британецот Арчи Греј (6:2, 6:1), а во полуфиналето славеше против вториот носител, Романецот Лукас Милош (6:4, 6:1).

Македонскиот тенисер имаше забележителен настап и во конкуренција на двојки, каде заедно со Ерион Незири стигнаа до полуфиналето, но беа поразени од турскиот тандем Емре Алтамиш и Берке Мухамер (2-0), кои подоцна го освоија турнирот во двојки.

Солиден настап имаше и Незири кој освен полуфиналето во двојки, во сингл категоријата одигра одличен меч против Саџаковиќ, но по голема борба загуби со 2-1 во сетови, откако решавачкиот сет го изгуби во тај-брејк.

Кај девојчињата, Мила Јовановски стигна до финале во конкуренција на двојки заедно со Украинката Софија Дрозденко, но беа поразени во два сета (7:6, 7:5) од романско-украинската комбинација Сара Косма и Никол Нерија.

Со „Интеко Опен“ заврши третата тениска недела во Скопје, а веќе од денес стартува и четвртиот турнир – „J30 Скопје, Pointer Tennispark Open 2025“, за тенисери и тенисерки до 18 години.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со натпревар кој понуди неизвесност до самиот крај. Во салата „Ристе Ристески...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Турција пресилна за Македонија: Одбојкарките со пораз на стартот на Медитеранските игри

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна настапите на Медитеранските игри во Таранто, Италија, откако на стартот од групната фаза загуби...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!