Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Сподели
ФОТО: ОФМ / Вангел Тануровски
Сподели

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка конкуренција, откако освојувачот на двојната круна од ланската сезона со убедливи 3:0 во сетови го декласираше ГОК Борец и стигна до првиот пехар на отварањето на новата сезона.

Новото засилување на Штип УГД, Александар Љафтов беше избран за МВП на „Чајка“ Супер купот.

Првиот сет заврши со резултат од 25:15, во вториот штипјани беа подобри со 25:16, а пак третиот сет заврши со резултат од 25:15 за Штип УГД.

Противниците играа рамноправно се до средината на трите сета. Велешани на моменти имаа два до три поени предност, но, сепак, клучна беше подолгата клупа, поголемиот избор за ротација која ја имаше како опција крушевскиот стратег Кристиан Ристески и секако искуството во редовите на тимот од градот под Исарот.

Минатата сезона Штип УГД за првпат стана шампион на Македонија, а по третпат ја освои Куп титулата, на двата фронта финален противник беше ГОК Борец, со што штипјани на трите фронта за титула ги добиваат велешани.

Штипјани ќе дебитираат и во ЦЕВ Лигата на шампионит, а мечевите ќе ги играат во салата „Џексон“.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Фудбал

Почина Димитар Георгиев – Шеки, легендарниот фудбалски мајстор од Струмица

Струмичкиот и македонскиот фудбал останаа без уште едно големо име. Почина Димитар Георгиев – Шеки, легендарниот струмички фудбалер и извонреден фудбалски талент, кој...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал фудбал „Горан Трајчев“, кој се одигра во Градската сала во Кратово,...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД и Струмица 47&72 без пораз по вторите турнири кај младинците

Викендов се одиграа вторите турнири во машката младинска конкуренција, по кои Штип...

Останато

Ѓорческа со голем пресврт ја елиминираше третата носителка во Истанбул

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на ИТФ W50 турнирот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!