КупФудбал

КУП: Павловиќ главен во Велес, Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпревари од првата фаза на Купот на Македонија, а кои на програмата се утре и во среда.

Третолигашот Башкими од Јаболиште утре на Градскиот стадион во Велес ќе се соочи со второлигашот Детонит Плачковица, а задолжен за правдата ќе биде Борче Павловиќ од Скопје, додека пак негови помошници ќе бидат Елена Соклевска Илиевски м Илна Петров, а пак четврт судија ќе биде Ненад Тодоровски сите од Скопје.

Делегат на средбата ќе биде Жанко Савов од Скопје, а пак Бранко Величковски од Крива Паланка ќе биде контролор.

Спире Арсов од Кочани ќе ја дели правдата на соочувањето меѓу третолигашот Карбинци и прволигашот Работнички, а негови помошници ќе бидат Петар Михаилов и Богданчо Ѓеоргиев од Кочани, а пак Дарко Стојанов од Штип ќе биде четврт судија.

Делегат на средбата ќе биде Илија Поп-Костов од Нов Дојран, а пак контролор ќе биде Никола Караколев од Штип.

Стојанче Трпчевски од Скопје ќе биде делител на правдата на мечот меѓу Охрид и Брера Струмица, негови помошници ќе бидат Бранко Путилин и Дејан Димитријевиќ од Скопје, а пак четврт судија ќе биде Бархиљ Ибраими од Тетово.

Делегат на средбата која се игра на „Билјанини Извори“ ќе биде Харун Исмаили од Тетово, а пак Крсте Даниловски од Скопје е контролор.

Третолигашот Евротип на теренот во Новаци ќе го пречека прволигашот Силекс, а главен судија на средбата ќе биде Владимир Ѓорѓиевски од Битола, а негови помошници ќе бидат Дарко Величковски и Борче Цветковски од Битола, а пак четврт судија ќе биде битолчанецот Дарко Котевски.

Беким Шеји од Струга ќе биде делегат, а конторлор Дејан Неделковски од Скопје.

Натпреварот меѓу третолигашот Љуботен и прволигашот Македонија ЃП наместо во Тетово ќе се игра во Ѓорче, со што Љуботен ќе биде формален домаќин, а „лавовите“ на свој терен формални гости.

Никола Петковски од Куманово ќе биде главне судија, а негови помошнци ќе му бидат Александар Ѓурковски и Станко Митровиќ од Куманово.

Четврт судија на средбата ќе биде Дарко Стојчевски од Скопје. Делегат ќе биде Бранко Богативно од Кочани, а пак Сашо Иванов од Штип ќе биде контролор.

Овие натпревари се играа утре со почеток од 16 часот, а пак в среда ќе се одигра еден меч во Струмица.

Беласица ќе игра против Арсими, Влатко Илиоски од Прилеп е главен судија, помошници ќе бидат Тоше Ицев и Драган Трпчевски од Кавадарци, а пак Ангелчо Ристов од Неготино четврт судија.

Делегат ќе биде Венцо Зафиров од Штип, а контролор Јосип Бартон од Штип.

Во однос на останатите средби. На 2 септември Шкендија Арачиново ќе игра против Каменица Саса, на 3 септември ќе играат Пчиња против Новаци во Петровец, Тетекс со Пелистер, на 9 септември Победа против Башкими, на 10 септември Кожуф со Шкупи, Јени Маале со Шкеднија.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со натпревар кој понуди неизвесност до самиот крај. Во салата „Ристе Ристески...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Турција пресилна за Македонија: Одбојкарките со пораз на стартот на Медитеранските игри

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна настапите на Медитеранските игри во Таранто, Италија, откако на стартот од групната фаза загуби...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!