Останато

Марко Алексовски со две победи на турнирот во Барселона

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски блесна на вчерашната програма од турнирот за играчи до 14 години што се одржува во Барселона, освојувајќи две победи – една во сингл и една во дубл конкуренцијата. Турнирот е од категорија 1 за оваа возрасна група, а Алексовски настапува како дел од тимот на ITF–Tennis Europe, финансиран од Grand Slam Development Fund.

Во сингл, Алексовски славеше над домашниот претставник Алваро Марин со убедливи 2-0 во сетови (6-4, 6-1) и обезбеди место во третото коло, каде утре ќе се соочи со уште еден шпански тенисер – Хозе Луис Вега Понс.

Во дубл, заедно со Франциско Сардиња од Португалија, кои се поставени како први носители, во второто коло ја совладаа шпанската двојка Оливер Марин Хран и Серхио Мартинез Васкез со 2-0 во сетови (6-3, 6-3).

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Кавадарци добива нов спортски објект во СЦ „Јасмин“, започна изградбата на капиталната инвестиција

Започнаа земјените работи и ископот за темелите на новиот објект кој ќе...

Останато

Две петти места за Македонија на Европското сениорско првенство во таеквондо во Минхен

Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Милијана Релиќ го освоија петтото место на...

Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026...

Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!