ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели



Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат од тронот тимот од Јосифово, кој минатата сезона без ниту еден пораз, без ниту едно реми стигна до тронот во шампионатот и Купот на Македонија.

Шампионот одбраната на титулата ја стартува на домашен терен во салата „Филип Втори“ во Валандово, каде Проект ќе го пречека Јувентус Серава. Фаворитската улога е на страната на тимот на Игор Димов, а почетокот на мечот е во 19 часот.

Во сабота ќе се одигра еден натпревар, истиот се игра во Велес каде ќе се соочат Кеги Моби и Осогово од Крива Паланка, домаќинот има фаворитска предност.

За понеделник предвидени се два натпревари, кои ќе започнат во 20 часот. Во Куманово ќе се игра дербито на колото на два поранешни шампиони, кои ќе бидат најсериозни ривали на Проект, Форца ќе го пречека Шкупи.

ФОТО: Futsal Club FORCA

Двата тима најавуваат „кандидатура“ за шампионскиот пехар, а соочувањето во првото коло ќе биде вистински тест за амбициите и квалитетот на двете екипи.

Во Скопје ќе се одигра дуелот меѓу Бутел и поранешниот шампион на Македонија, Железарец, кој по една сезона во Втора лига направи експресно враќање во елитата.

Колото се затвара со дуелот меѓу Клими и повратникот СЕЕ Универисити, дуел кој е закажан за вторник од 20:30 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба од ФК Вардар за наводен неправилен настап на фудбалер на ГФК...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пет кошаркарки го завршуваат својот репрезентативен ангажман

Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе претрпи промени и во играчкиот состав. Пет кошаркарки кои во изминатиот...

Поврзани написи
КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба...

КупФудбал

Судискиот одбор одговори на критиките по куп натпреварот Вардар – Тиквеш

Во врска со натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Тиквеш од Купот...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв...

Втора лигаФудбал

Со три меча во сабота ќе се отвори 10. коло на Втора лига, в недела се играат четири натпревари

Десеттото коло на Втората македонска фудбалска лига е закажано за овој викенд,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!