Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Сподели
Сподели

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци (2:2).

Резултатот го отвори Бојан Велков во 27. минута, а потоа Габриел Талески во 32. минута зголеми на 0:2 на полувреме. Во вториот дел Наумче Бакрачески намали на 1:2 во 55. минута, а пет минути подоцна Давид Матески ги постави конечните 2:2.

Во Кочани се играше меч каде две екипи под притисок бараа три бода, но немаше победник – Осогово и Еуромилк ГЛ одиграа 1:1. „Жетварите“ во 93. минута стигнаа до бод откако погоди Борјан Попоски, откако претходно Орхан Мифтар погоди. Резултат кој не им оди во прилог и на двете екипи.

Работнички го декласираше Камјани со убедливи 5:1, каде Јован Бошнаков беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Андреј Кудијан кој по две минути го отвори резултатот, а погодија и Марко Стефановски и Бојан Затуроски. За гостинската екипа Веби Ислами во 86. минута беше стрелец.

Македонија ЃП со голот на Кристијан Таневски во 65. минута стигна до победа од 0:1 над „фенерџијата“ Шкупи.

Новаци на домашен терен доживеа тежок пораз откако загуби со 1:4 од Тетекс. Михаил Милевски погоди за домаќинот, а за гостинот двапати стрелаше Хисар Али, а по еднаш Азис Јамини и Меритон Салији.

Немаше победник во Радовиш откако Детонит Плачковица и Кожуф ремизираа (1:1) и ги поделија бодовите. Филип Димовски беше стрелец за домаќинот, за гостинот Филип Тодороски. Новиот тренер на тимот од Гевгелија, Вангел Алтипармаковски дебитираше со реми.

Колото ќе се комплетира утре со дербито под рефлектори во Струмица од 18 часот меѓу Беласица и Пелистер.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Темелков: Тиквеш е незгоден на свој терен, но имаме квалитет и веруваме во себе

Во серија од два меча без пораз е тимот на Брегалница во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!