Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Сподели
Сподели

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот веќе е на следниот предизвик пред домашната публика со Еурофарм Пелистер 2.

Душан Каркалашев за Спортска Мрежа најпрво истакна дека слаба реализација во клучните моменти, но и недоволно добрата транзиција била пресудна во Автокоманда.

Младиот ракометар на Младост надополни дека покажале борбеност и каракатер.

„Мислам дека пресудна беше слабата реализација во клучните моменти, а исто така и недоволно добрата транзиција во напад, односно полуконтрата. Повторно имавме натпревар во кој бевме многу блиску до позитивен резултат, но не успеавме да ги искористиме шансите што ги создадовме. Од друга страна покажавме борбеност и карактер и мислам дека со малку повеќе концентрација и подобра реализација можевме да стигнеме до победа.“



Каркалашев е дециден, нема притисок пред мечот со битолчани, а атмосферата во тимот е одлична.

„Нема притисок, бидејќи играме дома и атмосферата во тимот е одлична. Знаеме дека нè очекува тежок натпревар, но максимално сме мотивирани и веруваме дека можеме да стигнеме до првата победа и да ја израдуваме и публиката.“

Младост утре ќе атакува на прва сезонска победа, а полната сала и поддршката од публиката е многу важна за избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски.

„Поддршката од публиката многу ни значи. Полна сала и навивачи кои се со нас во текот на целиот натпревар ни даваат дополнителна енергија и мотив да го дадеме максимумот.“

Мечот меѓу Младост и Еурофарм Пелистер е закажан за сабота од 17 часот во салата „Млаз“ во Богданци.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба од ФК Вардар за наводен неправилен настап на фудбалер на ГФК...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пет кошаркарки го завршуваат својот репрезентативен ангажман

Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе претрпи промени и во играчкиот состав. Пет кошаркарки кои во изминатиот...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар со борбено реми против Мелсунген ја затвори европската приказна во Лигата на шампионите

Двократниот европски шампион Вардар 1961 со реми од 26-26 против германскиот Мелсунген...

РакометРакометна репрезентација

Македонија тргнува кон ЕП 2028, билетите за дуелот со Луксембург во продажба!

Почнува новиот квалификациски предизвик за македонската машка ракометна репрезентација, која ќе ја...

Ракомет

Вардар брка европски триумф против Мелсунген за крај на настапот во ЛШ!

Вардар 1961 го очекува последниот предизвик во групната фаза од Лигата на...

Ракомет

Во продажба билетите за ракометниот спектакл Вардар – Еурофарм Пелистер!

Се приближува новото издание на најголемото домашно ракометно ривалство, а навивачите веќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!