Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија не успеа да ја изненади Грција!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација не успеа на гостувањето во Атина да го потврди четвртото учество по ред на Европско првенство. Во претпоследното коло од квалификациите, Грција ја оправда фаворитската улога и победи со 3:0 (25:18, 25:15, 27:25).

Иако „црвено-жолтите“ се надеваа на изненадување и рано обезбедено место на континенталниот собир, домашниот тим не дозволи такво сценарио. Грција веќе го обезбеди својот евро-билет, а Македонија во недела, во СЦ „Борис Трајковски“ против Грузија, мора да слави со максимални 3:0 за да се најде меѓу петте најдобри второпласирани селекции и да патува на ЕвроВолеј 2026.

Првиот сет почна одлично за нашите, кои од 0:2 со серија од 5 поени поведоа со 5:2, што ги принуди Грците да побараат тајм-аут. До средината на сетот се играше израмнето (11:11, 15:13), но домаќинот потоа го наметна својот ритам и рутински го доби сетот со 25:18.

Слична беше сликата и во вториот сет – Македонија парираше до 13:10, по што падна во ритам и дозволи Грција да поведе со 2:0 (25:15).

Најголемата шанса за освоен сет ја имавме во третиот период. Нашите водеа со пет поени разлика (5:10, 7:12), но Грција изедначи на 14:14. Се водеше игра на нерви, а Македонија имаше две сет-топки (23:24 и 24:25), кои не ги искористи. Следуваше казна – 27:25 за конечни 3:0.

Најефикасен беше Никола Ѓоргиев со 13 поени, Филип Савовски додаде 7, а Филип Маџунков и Александар Љафтов по 6 поени.

Репрезентацијата се враќа во Скопје, а во недела во 20:00 часот, ќе ја пречека Грузија во решавачкиот меч за пласман на Европското првенство 2026.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Костиќ: Не очекува тешко лето, Европската лига носи големо значење за нас

Интернационалецот Лука Костиќ и техничарот на Штип УГД, Давид Стојанов беа дел...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јонузи: Со нова енергија и оптимизам влегуваме во Европската лига

Организаторот на играта на женската сениорска репрезентација на Македонија, Ерјона Јонузи, во...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски го скрати списокот, Македонија продолжува со подготовки во Скопје

Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб решија да им овозможат краток...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Хаџииљоски: Вие сте гордоста и иднината на македонската одбојка

Потпретседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Ивица Хаџииљоски, заедно со генералниот секретар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!