Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Сподели
Сподели

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби под рефлектори во Струмица, Беласица ќе го пречека Пелистер.

На стадионот „Благој Истатов“ во 18 часот стартува дербито на два поранешни прволигаши, Беласица ќе бара победа по четири последователни ремија, а пак Пелистер продолжува на победничката низа.

Од 22 август Беласица чека на победа кога го доби Новаци во гости со минимални 0:1, а од тогаш нанижа четири ремија во низа. Пелистер, пак на „Благој Истатов“ доаѓа во победничка форма со четири победи во низа.

Двете екипи по две години, седум месеци и 25 дена одново ќе ги одмерат силите. Пелистер има две победи во низа против Беласица, а пак Беласица последно славеше над Пелистер на 23 април 2023 година со 2:1.



На последните десет меѓусебни средби секогаш имало погодоци, две средби завршиле со по еден гол, а на сите други имало од два до четири гола, никогаш немало пет гола.

Статистиката е изработена од редакцијата на Спортска Мрежа, доколку се користи, задолжително да се наведе извор.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба од ФК Вардар за наводен неправилен настап на фудбалер на ГФК...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пет кошаркарки го завршуваат својот репрезентативен ангажман

Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе претрпи промени и во играчкиот состав. Пет кошаркарки кои во изминатиот...

Поврзани написи
КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба...

КупФудбал

Судискиот одбор одговори на критиките по куп натпреварот Вардар – Тиквеш

Во врска со натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Тиквеш од Купот...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв...

Втора лигаФудбал

Со три меча во сабота ќе се отвори 10. коло на Втора лига, в недела се играат четири натпревари

Десеттото коло на Втората македонска фудбалска лига е закажано за овој викенд,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!