Ракомет

Охрид донесе врвно засилување – Ориол Реј Моралес пристигнува од Шпанија

Сподели
Сподели

Ракометниот суперлигаш Охрид ја најави новата сезона со вистинска трансфер „бомба“. Македонскиот суперлигаш успеа да обезбеди потпис од еден од најдобрите дефанзивци во Европа – шпанскиот ракометар Ориол Реј Моралес, кој пристигнува од шпанскиот Гранољерс и ќе го засили охридскиот тим во наредните две сезони.

31-годишниот специјалист за дефанзива, висок 190 сантиметри, доаѓа на бреговите на Охридското Езеро по фантастична сезона во Лигата Асобал, во која беше прогласен за најдобар дефанзивец во шампионатот за 2024/25. Покрај настапите во домашната лига, Реј Моралес сезонава играше и во ЕХФ Европската лига со својот тим.

Кариерата на Моралес говори сама за себе – шест сезони како член на гигантот Барселона, со настапи во Лигата на шампионите, потоа две сезони во францускиот прволигаш Пау Аикс, каде повторно играше на европската сцена, како и значајна улога во составот на Гранољерс.

На репрезентативен план, Реј Моралес минал низ сите младински категории на шпанската репрезентација, каде ја освои бронзата на Европското првенство до 21 година (2014/15). Иако нема официјален настап за сениорскиот тим на „Фуријата“, повеќепати се наоѓал на поширокиот список и одиграл пријателски натпревари и турнири, меѓу кои и на реномираниот турнир во Катар.

Со вакво засилување, ГРК Охрид испраќа силна порака до конкуренцијата – амбициите за следната сезона се јасни, а со ангажманот на Моралес, одбраната на „гладијаторите“ добива европски квалитет и искуство од највисоко ниво.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Лазаров и Алкалоид пред словенечки предизвик: Горење Велење- следен европски ривал!

Алкалоид го дозна противникот за третото коло од ЕХФ Европскиот Куп, а ждрепката му донесе дуел со словенечкиот Горење Велење. Тимот од Автокоманда...

Ракомет

Охрид го дозна патот кон одбраната на круната: Драгунас Клаипеда е следната европска пречка!

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува со двомеч против литванскиот Драгунас Клаипеда. Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп ја дозна својата следна задача...

Поврзани написи
Ракомет

Лазаров и Алкалоид пред словенечки предизвик: Горење Велење- следен европски ривал!

Алкалоид го дозна противникот за третото коло од ЕХФ Европскиот Куп, а...

Ракомет

Охрид го дозна патот кон одбраната на круната: Драгунас Клаипеда е следната европска пречка!

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува со двомеч против литванскиот Драгунас Клаипеда....

Ракомет

Алкалоид како носител ја чека ждрепката: познати се можните ривали во Европскиот Куп на ЕХФ

Ракометарите на Алкалоид утре ќе го дознаат следниот предизвик на европската сцена....

Ракомет

Алкалоид по европскиот предизвик го чека гостување кај Бутел!

Ракометарите на Алкалоид се враќаат на обврските во домашното првенство, откако ги...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!