Фудбал

ФОТО: Охрид инвестира во спортот – реконструирана оградата и трибината на теренот со вештачка трева

Сподели
ФОТО: ЈП „Билјанини Извори“ Охрид
Сподели

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ од Охрид успешно ја заврши реконструкцијата на дел од оградата и трибината на фудбалскиот терен со вештачка трева, како дел од континуираните активности за унапредување на спортската инфраструктура во градот.

ФОТО: ЈП „Билјанини Извори“ Охрид

Во рамките на проектот беа поставени нови елементи кои овозможуваат подобра безбедност и комфор за спортистите и гледачите, додека трибината доби нови седишта и значително зајакната стабилност.

Оваа реконструкција е само дел од пошироката иницијатива за модернизација на спортските капацитети во Охрид. Во изминатиот период беше инсталирано и ново теренско осветлување, кое овозможува одржување на натпревари и тренинзи и во вечерните часови, што значително го подобрува квалитетот на спортските активности.

ФОТО: ЈП „Билјанини Извори“ Охрид

Со овие вложувања, „Билјанини Извори“ го потврдува својот ангажман за создавање современи и функционални спортски простори, достапни за сите љубители на спортот во Охрид. Инвестициите ќе продолжат и во наредниот период, со цел Охрид да добие инфраструктура достојна за домашни и меѓународни спортски настани.

ФОТО: ЈП „Билјанини Извори“ Охрид


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Македонските судијки Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на дуелот Арсенал – Бенфика во женската Лига на шампионите

Ивана Пројковска ќе биде главен судија, а Елена Соклевска – Илиевски прв асистент на натпреварот меѓу Арсенал и Бенфика во женската Лига на...

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен го декласираше Подгор со ОСУМ гола, Василево го „потопи“ Интер Кукла, Банско со сигурна победа

Екс третолигашот Василево однесе огромна победа на домашен терен совладувајќи го Интер...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!