Ракомет

Лазаров и Алкалоид пред словенечки предизвик: Горење Велење- следен европски ривал!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Алкалоид го дозна противникот за третото коло од ЕХФ Европскиот Куп, а ждрепката му донесе дуел со словенечкиот Горење Велење. Тимот од Автокоманда ќе има можност пред домашната публика да го отвори двомечот, со цел да обезбеди добра основа пред гостувањето во Словенија и да продолжи со европските амбиции.

Првиот натпревар ќе се одигра во Скопје на 21 или 22 ноември, додека реваншот е предвиден за 28 или 29 ноември на теренот на Горење Велење. Алкалоид, кој во претходната рунда убедливо го елиминираше австрискиот Ферлах, сега го очекува противник од словенечкиот ракометен шампионат.

ФОТО: РК Алкалоид

Овој двомеч ќе има и посебна приказна, бидејќи дресот на Горење Велење го носи Михаил Ивановски, ракометар кој во минатото настапуваше за Алкалоид. Така, словенечкиот состав ќе биде противник на клубот од Автокоманда во пресметка што за Ивановски ќе значи и враќање на добро познато место.

За избраниците на Кирил Лазаров следува важен европски предизвик во кој секој гол од двата натпревари може да има големо значење. Предноста од првиот дуел ќе биде важна, но конечната одлука ќе се носи по реваншот во Словенија. Алкалоид ќе се обиде да ја искористи домашната предност и да направи нов чекор кон осминафиналето на Европскиот Куп на ЕХФ.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Уште само пет слободни места за новогодишниот турнир во Демир Хисар – награден фонд од 180.000 денари!

Интересот за новогодишниот турнир во мал фудбал во Демир Хисар е голем, а организаторите информираат дека остануваат уште само пет слободни места за...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 19 години со драматична победа над Малта за крај на квалификацискиот турнир

Репрезентацијата на Македонија до 19 години со победа од 3-2 против Малта го заврши настапот на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство....

Поврзани написи
Ракомет

Вардар Неготино како „експресен воз“ го „прегази“ Радовиш, Македонија Ѓорче Петров со голема победа го „тресна“ Пролет

Деветтото коло од Првата ракометна лига во машка конкуренција донесе пет гостински...

Ракомет

Сите патишта водат кон „Млаз“ – Богданци и целиот Југоисток се обединуваат за првата победа на Младост!

Во сабота, Богданци повторно ќе живее за ракометот! Легендарната сала „Млаз“ се...

Ракомет

(ВИДЕО) Кадетите на Младост со голема победа против Куманово – Иванџиков постигна 12 гола, плеј-офот сè поблиску!

Кадетите на РК Младост 1977 од Богданци забележаа значајна победа во Кадетската...

Ракомет

Томовски блесна против Мелсунген – десет одбрани и гол за македонскиот голман во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлично издание во германската Бундеслига, давајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!