Останато

Јонузи и Милевска во европска акција, Фасулева продолжува со победите во Албанија

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонските одбојкарски репрезентативки и интернационалки Ерјона Јонузи и Андротеа Милевска в четврток ги очекуваат настапи со своите нови клубови во првото коло од ЦЕВ Челинџ купот.

Организаторот на играта Јонузи, која сезонава го носи дресот на словачкиот шампион Слован Братислава, европскиот настап ќе го започне со дуел против црногорскиот тим Будуќност Подгорица. Првиот натпревар ќе се одигра во салата „Гопас“ во Братислава, каде што словачкиот состав ќе ја има предноста на домашниот терен.

Јонузи и нејзините соиграчки со одлична форма го најавуваат почетокот на европските предизвици. Слован има максимален ефект во домашното првенство, со пет победи на првите пет натпревари од сезоната.

Коректорот Андротеа Милевска, пак, од оваа сезона настапува за романскиот ЧСМ Букурешт, со кој европската авантура ќе ја започне на гостувањето кај грчкиот Панатинаикос во Атина.

Почетокот на сезоната во Романија засега не е според очекувањата за тимот на Милевска. ЧСМ Букурешт во првото коло од националниот шампионат загуби од Волунтари со 3:1, додека во второто коло беше слободен. Романскиот тим претрпе и пораз од 3:0 од Констанца во првиот натпревар од првото коло во романскиот Куп.

Од македонските интернационалки, успешен почеток на сезоната има и Ана Фасулева, која настапува за албанскиот клуб Тирана. Нејзиниот тим има максимален ефект од три победи во три натпревари, остварени со резултати од 3:2, 3:0 и 3:1. Последниот триумф Тирана го забележа викендов во дербито против Динамо.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Од Општинската лига до борба за врвот во Трета лига – Огражден од Ново Село ја пишува најубавата фудбалска приказна!

Без плати, без големи финансиски средства, со фудбалери кои играат од чиста љубов кон фудбалот и со огромна желба за успех. Така започна...

Ракомет

Томовски блесна против Мелсунген – десет одбрани и гол за македонскиот голман во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлично издание во германската Бундеслига, давајќи значаен придонес во ремито на Битигхајм на гостувањето кај фаворизираниот Мелсунген...

Поврзани написи
Останато

Министерството за спорт со поддршка за инклузивната трка „Run Together 2026“ во Гевгелија

Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски присуствуваше на инклузивната трка...

Останато

Историски чекор во светскиот тенис: АТП-финалето во Торино за првпат достапно и за слепите и лицата со оштетен вид!

Завршниот тениски турнир на АТП во Торино годинава носи значајна новина која...

Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!