Ракомет

Охрид го дозна патот кон одбраната на круната: Драгунас Клаипеда е следната европска пречка!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува со двомеч против литванскиот Драгунас Клаипеда. Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп ја дозна својата следна задача по ждрепката за третото коло, која беше одржана денеска во Виена. „Гладијаторите“ ќе имаат можност да го продолжат походот кон нов европски успех, но за тоа ќе мора да го минат ривалот од Литванија.

Охриѓани ќе го започнат двомечот на гостински терен, каде што првиот натпревар е предвиден за 21 или 22 ноември. Одлуката за патникот во следната рунда ќе падне на реваншот во Македонија, закажан за 28 или 29 ноември, кога Охрид ќе ја има поддршката од домашната публика.

ФОТО: ГРК Охрид

Драгунас Клаипеда во претходното коло покажа дека може да биде незгоден противник. Литванскиот состав го елиминираше чешкиот Робе Жубри со две победи, славејќи со 28-22 и 34-28. Интересно е што двата натпревари се одиграа во Клаипеда, па литванскиот тим ќе се соочи со нов предизвик на гостински терен во обидот да продолжи понатаму.

За Охрид ова е следниот чекор во обидот да ја одбрани европската круна. По убедливите настапи во претходната рунда, „гладијаторите“ ќе сакаат да изградат добра предност уште на гостувањето и потоа пред своите навивачи да го потврдат пласманот во следната фаза. Европската авантура продолжува, а целта останува иста – Охрид повторно да биде дел од завршницата во борбата за трофејот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Злато за Далија Стојановска и бронза за Оља Цветанова на Балканското CX првенство во велосипедизам

Македонската велосипедска репрезентација имаше успешен настап на Балканското CX првенство, кое се одржа во Романија, освојувајќи два медала и остварувајќи неколку забележителни пласмани...

Ракомет

Лазаров и Алкалоид пред словенечки предизвик: Горење Велење- следен европски ривал!

Алкалоид го дозна противникот за третото коло од ЕХФ Европскиот Куп, а ждрепката му донесе дуел со словенечкиот Горење Велење. Тимот од Автокоманда...

Поврзани написи
Ракомет

Лазаров и Алкалоид пред словенечки предизвик: Горење Велење- следен европски ривал!

Алкалоид го дозна противникот за третото коло од ЕХФ Европскиот Куп, а...

Ракомет

Алкалоид како носител ја чека ждрепката: познати се можните ривали во Европскиот Куп на ЕХФ

Ракометарите на Алкалоид утре ќе го дознаат следниот предизвик на европската сцена....

Ракомет

Алкалоид по европскиот предизвик го чека гостување кај Бутел!

Ракометарите на Алкалоид се враќаат на обврските во домашното првенство, откако ги...

Ракомет

Валах посакува Вардар со две победи да ја заврши европската авантура во ЛШ!

Вардар во среда ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!