ИнтернационалциФудбал

Македонските судијки Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиески ќе делат правда на дуелот Арсенал – Бенфика во женската Лига на шампионите

Сподели
Сподели

Ивана Пројковска ќе биде главен судија, а Елена Соклевска – Илиески прв асистент на натпреварот меѓу Арсенал и Бенфика во женската Лига на шампионите. Уште едно значајно меѓународно делегирање за македонските судијки, кои ќе бидат дел од официјалниот судиски тим на дуелот што ќе се одигра утре (среда) од 21:00 часот во Борехамвуд, на стадионот „Мидоу Парк“.

Делегирањето на Пројковска и Соклевска – Илиески претставува уште една потврда за големата доверба што УЕФА ја има во македонските судијки. Во изминатиот период тие редовно добиваат важни натпревари на меѓународната сцена, што е признание за нивната професионалност, квалитет и досегашната работа.

Преку квалитетно завршените судиски задачи на европските натпреварувања, македонските судијки продолжуваат да го потврдуваат својот квалитет и да го афирмираат македонското фудбалско судење на меѓународно ниво.

На утрешниот натпревар меѓу англискиот и португалскиот претставник, покрај Пројковска и Соклевска – Илиески, ќе бидат ангажирани и судиски официјални лица од Словачка, Хрватска, Србија, Швајцарија, Ирска и Франција.



Комплетниот судиски тим за дуелот Арсенал – Бенфика

– Главен судија: Ивана Пројковска (Македонија)
– Прв асистент: Елена Соклевска – Илиески (Македонија)
– Втор асистент: Александра Варгова (Словачка)
– Четврти судија: Сабина Болиќ (Хрватска)
– ВАР-судија: Момчило Марковиќ (Србија)
– Помошник ВАР-судија: Дебора Ане (Швајцарија)
– Контролор на судењето на УЕФА: Хилда Мекдермот (Ирска)
– Делегат на УЕФА: Сабин Бонин (Франција)

Арсенал во првите две кола од женската Лига на шампионите забележа една победа и едно реми. Англискиот тим го совлада Коге со минимални 1:0, а потоа одигра нерешено 2:2 против Париз.

Бенфика, пак, ја отвори новата сезона со значаен триумф на гостувањето кај Јувентус, совладувајќи го италијанскиот состав со 1:2. Сепак, во второто коло португалскиот тим претрпе убедлив домашен пораз од Баерн Минхен со 0:3.

Натпреварот Арсенал – Бенфика се игра утре (среда) од 21:00 часот на стадионот „Мидоу Парк“ во Борехамвуд, а Македонија ќе има две свои претставнички во судискиот тим.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Македонските судијки Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиески ќе делат правда на дуелот Арсенал – Бенфика во женската Лига на шампионите

Ивана Пројковска ќе биде главен судија, а Елена Соклевска – Илиески прв асистент на натпреварот меѓу Арсенал и Бенфика во женската Лига на...

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Влазерими на врвот, Караорман го следи лидерот, на дното е Демир Хисар

По седум кола во Трета лига регион 5 лидер на табела е...

Трета лигаФудбал

Илинден непоразен лидер, БВК Коњаре има минус пет, а пак Аеродром го држи петтото место

По седум одиграни кола во Трета лига регион 1 непоразен лидер е...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен го декласираше Подгор со ОСУМ гола, Василево го „потопи“ Интер Кукла, Банско со сигурна победа

Екс третолигашот Василево однесе огромна победа на домашен терен совладувајќи го Интер...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!