Ракомет

Алкалоид како носител ја чека ждрепката: познати се можните ривали во Европскиот Куп на ЕХФ

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Ракометарите на Алкалоид утре ќе го дознаат следниот предизвик на европската сцена. По убедливите настапи против Ферлах во претходната рунда, тимот од Автокоманда продолжува во третото коло од Европскиот Куп на ЕХФ, каде што ќе влезе со статус на носител.

Оваа позиција им овозможува на избраниците на Кирил Лазаров да избегнат дел од најквалитетните екипи во ждрепката, но ги очекуваат бројни сериозни противници од различни европски првенства. Меѓу можните ривали се тимови од Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Црна Гора, Романија, Словенија, Србија и други земји.

Во првиот шешир, покрај Алкалоид, се наоѓаат и ГРК Охрид, Олимпијакос, ПАОК, Бешикташ, Војводина, Тримо Требње, Берн и уште неколку екипи. Во вториот шешир се потенцијалните противници на македонскиот тим: Слога Добој, Горица, Полва Сервити, Х71, АЕК, Рамат Хашарон, Сасари, Драгунас Клаипеда, Ловќен, Волендам, Потаиса Турда, Горење Велење, Словењ Градец, Дубочица, Винтертур и Повашка Бистрица.

Ждрепката ќе се одржи утре, во вторник, со почеток во 11:00 часот. Првите натпревари од третото коло се закажани за 21 и 22 ноември, додека реваншите ќе се играат на 28 и 29 ноември.

Алкалоид веќе има европски трофеј во својата историја, а сега ќе го дознае следниот ривал во обидот повторно да направи значаен чекор на меѓународната сцена. Како носител, тимот од Автокоманда ќе ја дочека ждрепката со можност да добие противник со кој ќе се бори за место во следната фаза од натпреварувањето.

ФОТО: РК Алкалоид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Ракомет

Време е за големо дерби: Вардар Неготино со најдобар напад и најдобра одбрана против Радовиш

Дерби пресметка на два поранешни суперлигаши – Вардар Неготино против Радовиш во...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10....

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!