Ракомет

Алкалоид по европскиот предизвик го чека гостување кај Бутел!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Ракометарите на Алкалоид се враќаат на обврските во домашното првенство, откако ги завршија настапите на европската сцена и успешно се пласираа во следното коло од ЕХФ Купот. Следен предизвик за избраниците на Кирил Лазаров е гостувањето кај Бутел Скопје, во рамки на новото коло од Супер лигата.

Викендов, исто така и Бутел го одигра реваншот од второто коло од ЕХФ Купот, меѓутоа и покрај храбрата борба и минималната победа над Горица, не успеа да се пласира во следното коло.

Затоа, натпреварот меѓу скопските ривали е закажан за вторник, 27 октомври, со почеток од 17:00 часот, во спортската сала „Антон Димитров“, каде што Алкалоид ќе се обиде успешно да ги продолжи настапите во домашното првенство.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Од Општинската лига до борба за врвот во Трета лига – Огражден од Ново Село ја пишува најубавата фудбалска приказна!

Без плати, без големи финансиски средства, со фудбалери кои играат од чиста љубов кон фудбалот и со огромна желба за успех. Така започна...

Ракомет

Томовски блесна против Мелсунген – десет одбрани и гол за македонскиот голман во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлично издание во германската Бундеслига, давајќи значаен придонес во ремито на Битигхајм на гостувањето кај фаворизираниот Мелсунген...

Поврзани написи
Ракомет

Томовски блесна против Мелсунген – десет одбрани и гол за македонскиот голман во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлично издание во германската Бундеслига, давајќи...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три...

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот...

Ракомет

Вардар го задржува својот чувар на мрежата – Валах останува до 2028 година!

Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за иднината, а еден од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!