КупФудбал

В среда се играат осминафиналните натпревари од Купот на Македонија, девет прволигаши во битка за четвртфинале

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Во среда ќе се одиграат седум од осумте осминафинални натпревари во Купот на Македонија. Мечевите ќе започнат во 13:30 часот, а последниот патник во четвртфиналето ќе биде познат на 25 ноември, кога АП Брера Струмица ќе се соочи со Арсими од 13:00 часот.

Во осминафиналната фаза ќе настапат девет прволигаши, шест второлигаши и еден третолигаш, а Силекс ја брани Куп титулата.

Програмата за среда носи неколку интересни дуели. Скопје ќе се соочи со Новаци и двете екипи во ПМФЛ и ВМФЛ имаат резултатска криза, прволигашот Струга Трим Лум ќе ја пречека Беласица која е дел од Втора лига, додека Башкими и Шкендија Арачиново ќе ги одмерат силите во прволигашка пресметка.

Вардар ќе игра против Тиквеш во неизвесно дерби, а Пелистер ќе има тежок предизвик против бранителот на куп-трофејот, Силекс. Работнички ќе се соочи со Каменица Саса, единствениот третолигаш во оваа фаза од натпреварувањето, додека Македонија ЃП ќе ги одмери силите со Брегалница.



Парови за осминафиналето на Купот на Македонија:

– Скопје – Новаци
– Струга Трим Лум – Беласица
– Башкими – Шкендија Арачиново
– Вардар – Тиквеш
– Пелистер – Силекс
– Работнички – Каменица Саса
– Македонија ЃП – Брегалница
– АП Брера Струмица – Арсими (25 ноември, 13:00 часот)

Седум екипи в среда ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, додека последниот патник ќе биде познат по ноемврискиот дуел меѓу АП Брера Струмица и Арсими. Куп-натпреварите носат дополнителна неизвесност, бидејќи секој дуел е елиминациски и нема простор за поправен испит.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Од Општинската лига до борба за врвот во Трета лига – Огражден од Ново Село ја пишува најубавата фудбалска приказна!

Без плати, без големи финансиски средства, со фудбалери кои играат од чиста љубов кон фудбалот и со огромна желба за успех. Така започна...

Ракомет

Томовски блесна против Мелсунген – десет одбрани и гол за македонскиот голман во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлично издание во германската Бундеслига, давајќи значаен придонес во ремито на Битигхајм на гостувањето кај фаворизираниот Мелсунген...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија се одигра локално дерби во радовишко – Готен и Слога ги поделија бодовите во Подареш!

По речиси една деценија пауза, радовишкиот фудбал повторно доби локално дерби! На...

Младински фудбалФудбал

Нова победа за кадетките на Атлетико: Триумф од четири гола против Љуботен, битолчанки не знаат за пораз!

Екипата на Атлетико од Битола продолжува со одличната серија резултати во Кадетската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!