Турнири

Успешно заврши „Зегин Опен 2024“ голем Меѓународен турнир во пинг понг

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во период од 13 до 15. септември во  Берово се одржа големиот Меѓународен турнир во пинг понг „Зегин Опен 2024“ на кои учествуваат голем број на натпреварувачи од целиот свет.

Натпреварувачи во категорија ветерани, во апсолутна категорија мажи и жени, како и учество на млади натпреварувачи. Одлична организација, добри натпревари, многу публика, вкусна храна, Берово уште еднаш покажа дека е добар домаќин, одлична забава и голем концерт на музичката група „Некст Тајм“ на Градскиот плоштад во Берово со организиран превоз од сите околни населени места.

Спортска Мрежа беше медиумски покровител на овој спортски настан, а преку оваа емисија ви ја носиме атмосферата од „Зегин Опен 2024“ од натпреварите и разговорите со организаторите на натпреварувачите.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЦЕЛАТА ЕМИСИЈА НА СПОРТСКА МРЕЖА ЗА „ЗЕГИН ОПЕН 2024“:

Наградниот фонд на „Зегин Опен 2024“ беше 12.000 евра што го прави најголем и од аспект на организацијата и од аспект на наградниот фонд, не само во Македонија, туку и на целиот Балкан. Овој турнир од година во година станува се помасовен, а следното издание на „Зегин Опен 2025“ се очекува да биде најголемо во однос на претходните изданија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и со неверојатна реализација се најде во центарот на вниманието во второто...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но дел од нив мораа добро да се испотат за да стигнат...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!