Втора лигаФудбал

Дерби за три бодови во Гевгелија: Кожуф домаќин на Детонит Плачковица

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Денес во Гевгелија ќе се одигра дербито за трите бодови меѓу Кожуф и Детонит Плачковица, а во рамки на шестата рунда од Втората лига. Соочување на две екипи кои претендираат за висок пласман, две екипи кои играат одлично и имаат позитивни резултати.

Кожуф сега води борба на еден фронт, откако ги заврши настапите во Купот на Македонија максимално посветен атакува само на Втората лига. Сака од втор план да изненади за пласман во Прва лига и засега Филип Деспотовски одлично го води Кожуф, кој патем го има и најдобриот стрелец Дарко Гроздановски со седум погодоци по пет одиграни меча.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Загревање на Кожуф пред мечот со Вардарски 2. коло ВМФЛ

Детонит Плачковица се пласираше во следната фаза од Купот, а во првенството тргна одлично, нанижа одлични резултати и сега е на само три бодови од врвот од табелата каде што е Брегалница. Во Гевгелија повеќе од јасно е дека четата на штипскиот стратег Горан Здравков оди по три бодови.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Осогово – Детонит Плачковица 4. коло ВМФЛ

И едните и другите имаат одличен тим, со одлични играчи, поединци кои во минатото биле дел од Првата лига, но играле и во странство, нивното искуство е големо во спојот со помлади играчи.

Натпреварот се игра на Градскиот стадион во Гевгелија, со почеток од 14 часот, а задолжена за правдата ќе биде искусната Ивана Пројковска.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!