Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од третото коло на групната фаза се игра попладнево од 18 часот по македонско време во арената „8888“ во Софија.

Македонија и Полска по вторпат ќе се сретнат во групната фаза на Европското првенство, откако претходно играа и во Скопје во 2023 година.

Полјаците досега имаат две максимални победи, над Португалија и Израел, додека Македонија претрпе порази од другите два фаворити во групата Б – Бугарија и Украина.

За нашата репрезентација ова ќе биде трет настап на Европско првенство против актуелен европски шампион. Претходните два дуели завршија со порази од 3:0 – против Русија во 2019 година во Љубљана и против Италија во 2023 година во Бари.

Интересно е што Македонија и Полска имаат израмнет меѓусебен скор од по две победи. Полјаците до двете победи стигнаа во квалификациите за ЕвроВолеј 2014, кога славеа двапати со 3:0. Македонија, пак, двапати ја совлада Полска во Европската лига во 2015 година – со 3:2 и 3:1.

Сепак, Полска е голем фаворит во денешниот дуел, пред сè поради својот квалитет, ранг и составот со кој располага. Импресивна е и нивната серија на Европските првенства – имаат 12 последователни победи, која трае уште од полуфиналето на ЕП 2021.

За Македонија, овој натпревар ќе биде можност за ново искуство и последна силна проверка пред клучните дуели со Израел и Португалија, против кои нашата селекција ќе ја бара шансата за позитивен резултат на ЕвроВолеј 2026.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан, мобилизација за поддршка во „Јасмин“

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!