Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат се одржува меморијалниот турнир „Васил Рингов“, посветен на една од најголемите легенди во историјата на македонскиот фудбал и на најтрофејниот македонски клуб, Вардар.

На турнирот учествуваат повеќе од 20 екипи од Македонија, со најмладите фудбалери од генерациите 2016, 2017 и 2018. Покрај натпреварувачкиот карактер, турнирот има и силна симболика – најмладите фудбалери преку спортот да се запознаат со историјата на клубот за кој настапуваат и со имињата кои оставиле неизбришлива трага во македонскиот фудбал.

Еден од нив е токму Васил Рингов, легендарен вардаров фудбалер чие име денес повторно ги обединува генерациите.

На турнирот се поканети и поранешни соиграчи и фудбалери на Вардар кои биле дел од богатата историја на клубот. Меѓу гостите се очекуваат Кочо Димитровски, Гордан Здравков, Сашо Тодоровски, Бобан Бабунски, Гоце Штеријев, Гоце Алексовски, Вујадин Станојковиќ, Илија Најдоски, Дарко Панчев и Оџаков, со што најмладите директно ќе имаат можност да се запознаат со дел од наследството на „црвено-црните“.

Турнирот ќе го отвори Срѓан Ивановиќ, автор на биографијата посветена на Васил Рингов, што дополнително му дава посебно значење на настанот и го претвора во своевидно спортско сеќавање и оддавање почит кон една голема фудбалска легенда.

Натпреварите ќе започнат денес од 18:00 часот, а екипите се распределени во следните групи:

Генерација 2016
 Група А: Вардар, Работнички, Овче Поле, Тетекс, Осогово
 Група Б: Вардар 2, Напредок, Пелистер, Македонија ЃП, Беласица

Генерација 2017
 Група А: Вардар, Македонија ЃП, Осогово, Тетекс
 Група Б: Вардар 2, Работнички, Пелистер, Маџари

Генерација 2018
 Група А: Вардар, Осогово, Овче Поле, Македонија ЃП
 Група Б: Вардар 2, Виљареал, Пелистер, Форца

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!