Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Сподели
Сподели

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој од 14 до 16 август се одржа во Црнобуки и понуди одлична фудбалска атмосфера, многу натпревари и настапи на младите фудбалски надежи.

Турнирот, кој се одржува во чест на Трајан Куља, и оваа година помина во знакот на одлична организација, спортски дух и дружење, со учество на екипи во три младински категории.

Во генерацијата У9 (2017), првото место му припадна на Партизан, пред Еден на Еден, Маратона и Јанг Тим. За најдобар играч беше прогласен Огнен Билиќ (Партизан), најдобар стрелец беше Кенан Ахмети (Јанг Тим), додека признанието за најдобар голман го доби Владан Стојковиќ (Партизан). Наградата за фер-плеј екипа отиде кај Јанг Тим од Струга.

Кај генерацијата У10 (2016), шампионскиот трофеј го освои Ултрас Кидс, пред Брера, Перак и Вардар. За најдобар играч беше избран Павел Трајковски (Вардар), најдобар стрелец беше Хасан Усинов (Брера), а најдобар голман Дамјан Матлиески (Ултрас Кидс). Фер-плеј признанието му припадна на Стакорина од Република Српска.

Во најстарата категорија, У11 (2015), победничкиот пехар го освои Јанг Тим, втор заврши Пелистер, трет беше Ултрас Кидс, а четврт Галактикос. За најдобар играч беше прогласен Јаков Христов (Пелистер), најдобар стрелец беше Марко Ташков (Маратона), додека најдобар голман беше Енсап Даути (Јанг Тим). Фер-плеј екипа во оваа категорија беше Атлетико од Битола.

Седмото издание на „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“ уште еднаш покажа дека ваквите меморијални спортски настани имаат посебно значење за најмладите, овозможувајќи им преку фудбалот да стекнуваат нови искуства, пријателства и незаборавни спомени.

Спортска Мрежа со особено задоволство беше медиумска поддршка на овој меморијален спортски настан и даде свој придонес во промоцијата и афирмацијата на младинскиот фудбал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Величков ќе им суди на БВК Коњаре и Башкими, Ралевски на Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново

Утре се играат седум натпревари од првата фаза на Купот на Македонија, откако минатата недела беа одиграни пет средби. Познати се и судиите...

Втора лигаФудбал

Пелистер го промовираше Мите Цикарски

Второлигашот Пелистер од Битола го промовираше Мите Цикарски како најново засилување, кое доаѓа од редовите на Беласица. Триесет и тригодишниот фудбалер ги покрива...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!