Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а македонскиот третолигашки фудбал ќе биде поделен во шест регионални групи, една повеќе во однос на минатата сезона кога Трета лига беше организирана во пет региони. Вкупно 74 екипи ќе се борат за регионалниот врв, а шампионите на шесте региони потоа ќе ги одмерат силите во баражите за пласман во Втората македонска фудбалска лига.

Во Регион 1 ќе настапуваат 12 екипи: Њу Старс, Аеродром, Башкими Љуботен, БВК Коњаре, Беса Скопје, Илинден, Кул Здравје, Марино, Перпарими Нигиштан, Ржаничино, Студеничани и Фортуна. Во првото коло се среќаваат Студеничани – Кул Здравје, Беса Скопје – Марино, Аеродром – Илинден, Ржаничино – Перпарим Нигиштан, Фортуна – БВК Коњаре и Башкими Љуботен – Њу Старс.

Регион 2 брои 10 екипи: Куманово, Јуниор, Академија Осогово, Беса, Влазними, Козјак, Липково, Победа, Пчиња и Речица. Првата рунда носи дуели Козјак – Пчиња, Речица – Победа, Јуниор – Куманово, Липково – Влазними и Беса – Академија Осогово.

Најголем број екипи има Регион 4, каде што ќе се натпреваруваат 14 клубови. Вардар Неготино, ГФК Победа, Башкими Јаболчиште, Борец, Бучин, Венец, Влазними Јуниор, Големо Коњари, Млекар, Питу Гули, Победа Пепелиште, Росоман, Ултрас и Превалец ќе ја започнат битката за првото место. Во воведното коло се играат ГФК Победа – Превалец, Влазними Јуниор – Росоман, Бучин – Вардар Неготино, Големо Коњари – Башкими Јаболчиште, Победа Пепелиште – Питу Гули, Борец – Млекар и Венец – Ултрас.



Особено интересно се очекува да биде во Регион 3, со 12 екипи и неколку познати имиња од македонскиот фудбал. Овче Поле, Тиверија, Малеш, Ударник, Каменица Саса, Слога Виница, Победа Валандово, Карбинци, Брегалница Делчево, Хоризонт Турново, Огражден и Дојранско Езеро ќе се борат за регионалниот трон.

Веднаш на стартот има дерби меѓу Каменица Саса и Слога Виница, односно дуел на два тима кои минатата сезона настапуваа во Втората лига. Интересно ќе биде и во Делчево, каде Брегалница ќе се сретне со Хоризонт Турново. Првото коло ги носи и Овче Поле – Тиверија, Малеш – Ударник, Победа Валандово – Карбинци и Огражден – Дојранско Езеро.



Во Регион 5 ќе има 13 екипи: Баир Спорт, Влазерими Јуниор, Влазними, Демир Хисар, Караорман, Кравари, Крошу Спорт, Могила, Напредок Кичево, Напредок Ношпал, Преспа, Света Троица и Чардак. Првото коло носи шест натпревари, меѓу кои Кравари – Влазними, Караорман – Могила, Баир Спорт – Крошу Спорт и Напредок Кичево – Демир Хисар.



Во Регион 6, исто така со 13 екипи, ќе се натпреваруваат Гостивар, Јехона, Љуботен, Вардар Брвеница, Градец, Доброшти, Дрита, Кораб, Лирија, Речица, Скендербег, Џепчиште и Цетинска. Во првата рунда ќе играат Дрита – Јехона, Лирија – Доброшти, Скендербег – Кораб, Цетинска – Џепчиште, Љуботен – Градец и Гостивар – Вардар Брвеница.

Пред третолигашите е долга сезона исполнета со регионални пресметки, дербија и борба за бодови. Само шест екипи ќе стигнат до регионалната титула, а потоа ќе следува дополнителната битка за едно од местата кои водат кон Втората лига.

Фудбалниот викенд носи нова сезона, нови амбиции и нова трка за пласман во повисок ранг.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха: Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене

Дмитро Хориха и официјално има право да игра за македонската ракометна репрезентација, тоа беше денес потврдено на прес-конференцијата на Ракометната федерација на Македонија....

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за боксери до 17 години во Будва, Црна Гора, беше примен во...

Поврзани написи
Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

КупФудбал

КУП: Брера против Арсими, Струга Трим Лум ја доби Беласица, Вардар со Тиквеш

Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска...

Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!