Втора лигаФудбал

Охрид на 15. јануари ги „пали моторите“, ќе игра со играчи од сопствениот погон!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Охрид на 15. јануари ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од сезоната, без амбиции за влез во Прва лига.

Како што информираше Спортска Мрежа, Охрид се раздели со најдобриот стрелец, Сашо Дуков, кој постигна шест гола за охриѓани и доаѓа чудно разделбата со нивниот најдобар стрелец, а се работи за искусен играч, кој лани беше најдобар стрелец во Македонска Каменица и буквално ја спаси од испаѓање во Трета лига.

Покрај Дуков, од клубот замина и Филип Димоски кој е нов играч на Детонит Плачковица од Радовиш, а замина и Димитриј Попоски, кој ќе го носи дресот на Брегалница.

Клубот се одлучи да се раздели со сите „странци“ и да настапува со играчи од сопствениот погон, за што пишува и локалниот медиум Охрид Спорт, со што се потврдува тоа за кое зборувавме изминатите денови.

Според тоа што го пишува Иван Арсеноски во Охрид Спорт, ваквиот потег да се игра со сопствени играчи е да не се трошат непотребни средства за играчи од страна.

Според Охрид Спорт, клубот е на здрави основи, а се очекува за кратко време да се извести охридската спортска јавност за следни чекори кои ќе следат со клубот, но во секој случај станува збор за позитивни вести, а тоа е дека од следната сезона Охрид сериозно ќе се вклучи во борбата за влез во Прва лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!