Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица се засили со повратниците Филип Димоски и Јовица Радевски

Сподели
Сподели

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш ги претстави првите зимски засилување за пролетниот дел. Станува збор за повратниците Филип Димоски и Јовица Радевски.

Двајцата играчи во минатото го носеа дресот на радовишкиот второлигаш и се враќаат во добро позната средина за нив.

25-годишниот Димоски во Радовиш доаѓа од редовите на Охрид, а во својата кариера покрај за Охрид и Детонит Плачковица има настапувано и за Победа, Каменица Саса, Пити Гули, Вардар Неготино, Осогово и 11-ти Октомври.

Радевски, кој има 24 години во Радовиш пристигна од Брегалница од Штип. Тој дресот на Детонит Плачковица го носеше во период од август 2022 година до јули 2023 година кога замина во Беса. Претходно, настапуваше и за Плачковица, па средината во Радовиш за Радевски е повеќе од Позната. Има настапувано и за Каменица Саса, Кадино, Македонија ЃП, Вардар, Работнички и Скопје.

Во следниот период според информациите на Спортска Мрежа во Детонит Плачковица треба да пристигат уште две до три засилувања.

Од радовишкиот клуб досега заминаа капитенот Иван Настевски, Тони Мирчевски и Дарко Стојанов кои во пакет го засилија третолигашот Слога Виница, Стефан Бабунски кој е нов играч на Брегалница од Штип и Анџело Николовски кој ќе биде нов играч на Македонија ЃП, а во следните денови ќе следува негова официјална промоција.

Детонит Плачковица предводен од штипскиот стратег Горан Здравков на 9. јануари ќе ги започне подготовките за пролетниот дел.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!