Втора лигаФудбал

Димитриј Попоски ново засилување за Брегалница: Ќе игра заедно со брат му Стојан

Сподели
Сподели

Штипска Брегалница продолжува со засилувањето на тимот за пролетниот дел од сезоната во Втората лига. Второто зимско засилување е 22-годишниот Димитриј Попоски, кој доаѓа од редовите на Охрид. Попоски, кој ги покрива позициите бек и крило, а ќе има посебна мотивација, бидејќи ќе игра заедно со својот брат Стојан, кој веќе е член на Брегалница.

Димитриј, во има настапувано за младинските погони на Вардар, а потоа играше за Работнички, Борец, Тетекс, Силекс и, последно, за Охрид. Сега, заедно со брат му, ќе се обидат да ја реализират целта на Брегалница за враќање во Првата лига.

Брегалница веќе го потпиша Стефан Бабунски од Детонит Плачковица, а есенскиот дел тимот на Трајче Сенев го заврши на второто место на табелата.

Првиот пролетен меч за Брегалница е против Победа во Прилеп, што ќе биде дуел на два поранешни прволигаши.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!