Вечерва одново салата „Млаз“ во Богданци ќе се наполни за силна поддршка на Младост, кој во рамките на 12. коло на Суперлигата го пречекува тимот на Бутел.
По победата над Струга во претходното коло во тимот на Младост владее позитивна атмосфера и со нетрпение се очекува овој меч. Тимот од Богданци кој го предводи охридскиот стратег Горан Андоновски е подготвен за вечерашното соочување со Бутел.
Двете екипи имаат по пет бодови, Младост е со учинок од една победа, три ремија и седум порази, а пак Бутел има две победи, едно реми и осум порази.
Победникот од овој дуел ќе избие на петтото место, особено ако Куманово дома загуби од Прилеп.
Затоа победата и овие два бодови се капитални и за двете екипи, за исчекор кон средишниот дел од табелата на ракометната елита на Македонија.
Одново целиот Југоисток ќе се обединува за Младост, во „Млаз“ ќе има навивачи од Богданци, Стојаково, Гевгелија, Дојран, Валандово, Струмица, но и од Радовиш.
Тоа значи дека салата ќе биде исполнета до последното седиште, а Бутел го очекува „пеколна“ атмосфера.
Натпреварот ќе започне во 17:30 часот, а за правдаа ќе се погрижат Михајло Илиевски и Методија Илиевски од Битола, а делегат на мечот ќе биде Ацо Николовски.