Останати репрезентацииРепрезентација

Историски успех за македонското таеквон-до – доделени првите мајсторски црни појаси шести дан

Сподели
Сподели



Македонската традиционална таеквон-до федерација (М.Т.Т.Ф) ги доби првите два мајсторски црни појаси шести дан, што претставува значаен момент за развојот на овој спорт во Македонија.

Сертификатите пристигнаа од Интернационалната таеквон-до федерација (ИТФ), со седиште во Виена, Австрија, а се заверени од претседателот на организацијата, Гранд Мастер Ри Јонг Сон, носител на црн појас деветти дан. Свеченото доделување се одржа во средата, во просториите на Македонската традиционална таеквон-до федерација.

До ова признание се стигна по учеството на претседателот на М.Т.Т.Ф, Марјанчо Лазаревски, и почесниот претседател и основач на Таеквон-до ИТФ во Македонија, Саша Поповски, на меѓународен семинар во Софија. Настанот се одржа од 10 до 12 јули 2026 година, по покана на Бугарската ИТФ таеквон-до федерација.

Во рамките на семинарот беше организирано и полагање за мајсторски појаси, пред комисија во која членуваа Гранд Мастер Марио Богданов, носител на црн појас деветти дан, и Мастер Вергилиј Ситнилски, носител на црн појас осми дан. Учеството на претставниците на М.Т.Т.Ф беше субвенционирано од Општина Охрид, со цел стручно усовршување на тренерите.

Покрај двата мајсторски појаси шести дан, федерацијата го доби и првиот почесен црн појас први дан. Ова признание од ИТФ му беше доделено на потпретседателот Зоран Парулески, како награда за неговата посветеност, долгогодишна работа и придонес во развојот на спортот.

Од федерацијата го истакнуваат значењето на овие признанија за македонското таеквон-до, а воедно најавуваат и нов предизвик за младите натпреварувачи. Викендов следува настап на турнирот „Перник Опен“ во Бугарија, каде што ќе се натпреваруваат спортисти до 16 години.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија со пресврт ја совлада Италија, против Турција ќе се бори за трофејот во Анкара!

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија продолжува со успешните настапи на меѓународниот пријателски турнир во Анкара, каде што денеска ја забележа втората победа,...

Останато

(ФОТО) Катерина Николоскa со три нови меѓународни судиски ангажмани ја заокружи 2026 година

Македонската џудо судијка Катерина Николоскa продолжува да ја гради својата меѓународна репутација, претставувајќи ја Македонија на натпреварувања од највисок ранг. Во изминатиот период...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија со пресврт ја совлада Италија, против Турција ќе се бори за трофејот во Анкара!

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија продолжува со успешните настапи на меѓународниот...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Македонија убедливо ја совлада Финска со 31:24, Италија е следната проверка пред ЕП

Македонската ракометна репрезентација го отвори подготвителниот турнир во Анкара со победа од...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Македонија потклекна во завршницата – Кипар славеше и покрај одличната партија на Димитријевиќ!

Македонската кошаркарска репрезентација го запиша првиот пораз во втората претквалификациска фаза за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!