Ракомет

Голема радост во Ресен – Преспа го „сруши“ ланскиот суперлигаш Пролет!

Сподели
Сподели

Ракометарите на Преспа 2025 забележаа голема победа во рамките на 11. коло од Првата ракометна лига, откако пред својата публика во спортската сала „Зоран Стојановски“ во Ресен го совладаа ланскиот суперлигаш Пролет со 26:25 (15:14).

Избраниците на Иванчо Ангелковски покажаа карактер во натпревар исполнет со резултатски пресврти, во кој победникот беше решен во драматична завршница.

Гостите од Скопје подобро го отворија натпреварот и во 13. минута имаа предност од три погодоци (4:7), а истата разлика ја задржаа и во 17. минута (6:9). Ресенчани постепено ја преземаа иницијативата, во 20. минута израмнија на 9:9, а во завршницата од првиот дел стигнаа и до предност од 15:12.

На полувремето се замина со минимално водство на Преспа од 15:14.

Домашниот состав одлично го отвори второто полувреме и во 34. минута поведе со 18:14, но Пролет одговори со серија од пет погодоци и направи пресврт за 18:19.

Во 45. минута гостите имаа предност од 19:21, по што следуваше одличен период на Мартин Табаковски, кој со четири последователни реализации го врати водството на Преспа (23:21).

Следуваше ново израмнување на 23:23, но ресенчани повторно се одлепија резултатски и во 57. минута имаа предност од 26:23.

Пролет преку Кристијан Давитковски и Алек Крстев намали на 26:25, а гостите имаа и можност да стигнат до реми. Сепак, не го искористија последниот напад, по што започна големото славје во Ресен.

Најефикасни во победничкиот состав беа Христијан Антоновски и искусниот кружен напаѓач Томче Трајчевски со по шест погодоци, Мартин Табаковски постигна четири, Благоја Јончевски три, Наум Бумбаровски и Драган Ивановски по два, додека Андреј Шулевски, Петар Булаковски и Виктор Ѓоргиевски по еден погодок.

Кај Пролет, Алек Крстев и Кристијан Давитковски постигнаа по шест погодоци, Ласко Андоновски пет, Јован Соколовски три, Лука Лешникоски и Јован Фичорски по два, а Стефан Донев еден погодок.

Голманот на Преспа, Симон Јовановски имаше одличен меч со низа интервенции клучни за триумф на неговиот тим.

За Преспа ова беше трета сезонска победа, додека Пролет, кој во Ресен допатува со 12 ракометари, остана на седум триумфи.

Победата над довчерашниот суперлигаш е значаен резултатски и психолошки поттик за ресенчани во продолжението од прволигашкиот шампионат.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Славјан Паунов се врати од пензија и со одбранет седмерец го спаси Радовиш од пораз!

Славјан Паунов се врати од пензија и му донесе бод на Радовиш во драматична завршница, по двата катастрофални порази од Вардар Неготино и...

Ракомет

Голема радост во Ресен – Преспа го „сруши“ ланскиот суперлигаш Пролет!

Ракометарите на Преспа 2025 забележаа голема победа во рамките на 11. коло од Првата ракометна лига, откако пред својата публика во спортската сала...

Поврзани написи
Ракомет

Славјан Паунов се врати од пензија и со одбранет седмерец го спаси Радовиш од пораз!

Славјан Паунов се врати од пензија и му донесе бод на Радовиш...

Ракомет

Томовски блескаше против Рајн Некар – 14 одбрани на македонскиот голман во Бундеслигата!

Дури и кога резултатот не е во корист на неговиот тим, Мартин...

Ракомет

Кузмановски со 11 гола, Еурофарм Пелистер со серија од 3:0 го доби дербито со Охрид

Еурофарм Пелистер го совлада Охрид со 27:24 во дербито од 12. коло...

Ракомет

Нема веќе билети, нема место за калкулации – Битола и Охрид се подготвени за дерби!

Сè е подготвено за голема ракометна вечер во Битола! Салата „Боро Чурлевски“...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!