Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија со пресврт ја совлада Италија, против Турција ќе се бори за трофејот во Анкара!

Сподели
Сподели

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија продолжува со успешните настапи на меѓународниот пријателски турнир во Анкара, каде што денеска ја забележа втората победа, совладувајќи ја селекцијата на Италија со 28:27.

Избраничките на селекторот Игор Марковиќ имаа негатива од два погодоци по првите 30 минути (11:13), но во второто полувреме успеаја да направат резултатски пресврт и да стигнат до минимален триумф.

Најголем придонес во победата на македонската селекција имаа Јована Кипријановска и Сара Ристовска, кои постигнаа по шест погодоци, додека Емилијана Ризоска и Катерина Дамјаноска по четири пати ја затресоа противничката мрежа.

Со две победи на турнирот во Анкара, македонските ракометарки утре ќе имаат можност да го заокружат настапот со максимален учинок. Во последното, трето коло, Македонија ќе ги одмери силите со домаќинот Турција во директна пресметка за првото место.



Добрите резултати на подготвителниот турнир се значаен поттик за самодовербата на националниот тим во пресрет на Европското првенство 2026.

На континенталниот собир македонската репрезентација ја очекуваат сериозни предизвици во групната фаза, каде што за противници ќе ги има селекциите на Швајцарија, Романија и Норвешка.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија со пресврт ја совлада Италија, против Турција ќе се бори за трофејот во Анкара!

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија продолжува со успешните настапи на меѓународниот пријателски турнир во Анкара, каде што денеска ја забележа втората победа,...

Останато

(ФОТО) Катерина Николоскa со три нови меѓународни судиски ангажмани ја заокружи 2026 година

Македонската џудо судијка Катерина Николоскa продолжува да ја гради својата меѓународна репутација, претставувајќи ја Македонија на натпреварувања од највисок ранг. Во изминатиот период...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Историски успех за македонското таеквон-до – доделени првите мајсторски црни појаси шести дан

Македонската традиционална таеквон-до федерација (М.Т.Т.Ф) ги доби првите два мајсторски црни појаси...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Македонија убедливо ја совлада Финска со 31:24, Италија е следната проверка пред ЕП

Македонската ракометна репрезентација го отвори подготвителниот турнир во Анкара со победа од...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Македонија потклекна во завршницата – Кипар славеше и покрај одличната партија на Димитријевиќ!

Македонската кошаркарска репрезентација го запиша првиот пораз во втората претквалификациска фаза за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!