Ракомет

Кузмановски со 11 гола, Еурофарм Пелистер со серија од 3:0 го доби дербито со Охрид

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер го совлада Охрид со 27:24 во дербито од 12. коло на ракометната Суперлига. Во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, домашните надоместија три гола негатива во второто полувреме, а по израмнувањето на 24:24 ги постигнаа последните три погодоци на натпреварот.

Првото полувреме мина во постојана размена на водството. На пет минути до паузата беше 8:9 за Охрид, а битолчани израмнија и на 9:9, и на 10:10, и на 11:11. Гостите сепак заминаа на одмор со предност од 12:11, откако Доминик Мате реализираше седмерец на истекот на првиот дел.

Охрид во продолжението поведе со 17:14 преку Шуичи Јошида, кој набргу потоа доби црвен картон по третото исклучување. Пелистер одговори со три гола во низа. Филип Кузмановски погоди двапати, а Рудолф Хакбарт израмни на 17:17. Охриѓани одново поведоа и во 53. минута имаа 22:21, но ниту таа предност не се покажа доволна.

Николаос Лиапис погоди за последното израмнување на 24:24 во 57. минута. Андреј Видомски му го врати водството на Пелистер, Никола Граховац зголеми на 26:24 по асистенција на Кузмановски, а Цветан Кузманоски ги постави конечните 27:24 на три секунди до крајот. Во меѓувреме, Тилен Стрмљан двапати беше запрен при обидите да го врати Охрид во натпреварот.

Кузмановски го предводеше Пелистер со 11 гола од 13 обиди, со пет реализации од пет седмерци. Жарко Пешевски постигна четири гола, Видомски и Петар Атанасијевиќ по три, Хакбарт и Садоу Нтанзи по два, а Граховац и Кузманоски по еден.

Кај Охрид, Мате исто така постигна 11 гола од 13 обиди, со осум од осум од седум метри. Никола Зечевиќ реализираше шестпати од шест обиди, Лиапис додаде три гола, а Стрмљан, Томислав Јагуриноски, Јошида и Дарко Ѓукиќ постигнаа по еден.

Со победата, Пелистер го стигна Охрид на 19 бода. Битолчани имаат и подобар меѓусебен биланс, откако првиот дуел во Охрид заврши 28:28.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Славјан Паунов се врати од пензија и со одбранет седмерец го спаси Радовиш од пораз!

Славјан Паунов се врати од пензија и му донесе бод на Радовиш во драматична завршница, по двата катастрофални порази од Вардар Неготино и...

Ракомет

Голема радост во Ресен – Преспа го „сруши“ ланскиот суперлигаш Пролет!

Ракометарите на Преспа 2025 забележаа голема победа во рамките на 11. коло од Првата ракометна лига, откако пред својата публика во спортската сала...

Поврзани написи
Ракомет

Славјан Паунов се врати од пензија и со одбранет седмерец го спаси Радовиш од пораз!

Славјан Паунов се врати од пензија и му донесе бод на Радовиш...

Ракомет

Голема радост во Ресен – Преспа го „сруши“ ланскиот суперлигаш Пролет!

Ракометарите на Преспа 2025 забележаа голема победа во рамките на 11. коло...

Ракомет

Томовски блескаше против Рајн Некар – 14 одбрани на македонскиот голман во Бундеслигата!

Дури и кога резултатот не е во корист на неговиот тим, Мартин...

Ракомет

Нема веќе билети, нема место за калкулации – Битола и Охрид се подготвени за дерби!

Сè е подготвено за голема ракометна вечер во Битола! Салата „Боро Чурлевски“...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!