Вистински дебакл за Вардар Неготино откако беше поразен во Прилеп од Победа со неверојатни 10:0, во рамките на 12. коло на Трета лига регион 4.
Уште во првиот дел прилепчани постигнаа осум гола и на полувреме заминаа со предност од 8:0, а во вториот дел намалија, па постигнаа два гола за конечни 10:0.
Двојни стрелци беа Давид Паскоски и Мартин Никовиќ, а по еден гол постигнаа Александар Ристески, Даниел Карчески, Марио Дебрешлиоски, Марио Наумоски, Иса Цанески и Димитар Шаркоски.
Победа од Пепелиште со 7:0 го декласираше тимот на Ултрас пред домашната публика. Денис Мемков беше двоен стрелец, а по еден гол во големиот триумф за Победа постигнаа Трајче Карпачев, Мартин Младеновиќ, Мартин Темелковски, Душко Пауновиќ и Усинов Дејан.
Бучин ја израдува домашната публика со голема победа од 6:2 над Питу Гули. Антонио Солевски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Сашо Талевски, Ѓорѓија Мургоски и Зоран Мирчески. За гостинот стрелци беа Оливер Велевски и Соте Андреески, а пак Благојче Спасески си постигна автогол.