Македонската џудо судијка Катерина Николоскa продолжува да ја гради својата меѓународна репутација, претставувајќи ја Македонија на натпреварувања од највисок ранг. Во изминатиот период таа беше дел од судиските тимови на три значајни меѓународни настани, со што успешно ја заокружи својата судиска 2026 година.
Николоскa имаше ангажман на „Grand Prix Zagreb“ во Хрватска, а потоа следуваа уште два настапи на големата џудо сцена во Ташкент, Узбекистан. Таму ја извршуваше судиската улога на Светското првенство за јуниори, како и на „Grand Prix“ турнирот за кадети.
Овие три ангажмани се уште една потврда за нејзиното присуство на меѓународната џудо сцена и за довербата што ја ужива како судија на натпреварувања од светски ранг.
Со исполнета година и бројни предизвици на највисоко ниво, Катерина Николоскa уште еднаш го претстави македонското џудо во меѓународни рамки.