Деветтото коло на Трета лига регион 2 беше отворено денес со два натпревари, а на кои трите бодови останаа кај домашните екипи.
Само еден гол го реши победникот во Крива Паланка, откако Академија Осогово со 1:0 славеше над Липково, благодарение на голот на Леонид Стоевски, кој погоди во 32. минута од средбата.
Во вториот дел своите шанси не ги користеа и двете екипи со што тој резултат стана конечни и трите бодови останаа дома.
Победа од Тромеѓа пред домашната публика славеше над Козјак од Старо Нагоричане со сигурни 2:0, а кои погодоци беа постигнати во вториот дел.
По чистите мрежи во првиот дел, во второто полувреме Гоце Насковски во 54. минута го отвори резултатот, а само шест минути подоцна Лука Љубевски погоди за конечни 2:0.
Колото се затвара утре со останатите средби.