Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако ја совлада Струга во гости со резултат од 24:35 во рамките на 7. коло на Првата женска ракометна лига.
Ланскиот суперлигаш од Штип одлично влезе на мечот и имаше предност од 2:6 која домаќинот ја стоп и намали на минус еден при 7:8.
Но, тимот од градот од Исарот веднаш реагираше и до крајот на првиот дел создаде предност од плус четири при 12:16.
Во вториот дел „амазонките“ разликата постепено ја зголемуваа и стигнаа и до конечните 24:35.
До големата победа Астибо го водеа Анастасија Богоевска со десет гола, Ева Манева со девет гола и Ана Марија Накова со осум гола. Кај Струга прво име беше Леа Пејоска со шест гола, а по пет имаа Емилија Атанаскоска и Матеа Димитроска.