Атлетико на крилата на Ивана Талевска и Андреа Огненовска го доби соочувањето со Вардар во рамките на 7. коло на кадетската женска фудбалска лига, откако битолскиот тим беше подобар со 0:2 против скопскиот тим.
Ивана Талевска во 26. минута го отвори резултатот за водство на Атлетико од 0:1 на полувреме, а на стартот од вториот дел односно во 46. минута Андреа Огненовска ги постави конечните 0:2.
Атлетико по шест меча има 16 бодови со ефект од пет победи и едно реми и не знае за пораз. На челното место е Скопје со 21 бод, но има меч повеќе во однос на Атлетико, кој меч доколку го добие Атлетико ќе се доближи до првата позиција.
Во следното коло Атлетико на домашен терен ќе игра со Љуботен, во дуел каде битолскиот тим предводен од Никола Гелевски ќе биде голем фаворит за трите бодови.